Фудбалерите на Мароко, домаќините на овогодинешниот африканскиот континентален шампионат се пласираа во полуфиналето откако го победија Камерун со 2:0 во Рабат.
Мароко ќе го дознае својот противник во полуфиналето в сабота кога Алжир и Нигерија ќе го играат својот четвртфинален натпревар.
Од самиот почеток, Мароко беше подобар и поведе во 26. минута. По изведениот корнер Брахим Дијаз се снајде најдобро во противничкиот шеснаесетник и постигна гол за Мароканците за 1:0. До 74. минута домашните имаа минимално водство, а потоа беше решен победникот. Топката на десетина метри откосо ја прими Саибари и со остар удар ја смести во спротивниот агол за конечните 2:0.
Претходно во петокот фудбалерите на Сенегал беа првите што се пласираа во полуфиналето на овогодинешниот Куп на нациите, откако во Тангер ја победија селекцијата на Мали со минимални 1:0. Единствениот гол го постигна Ндијаје во 27. минута кога ја искористи грешката на противничкиот голман. Мали направи уште еден чекор назад на патот до полуфиналето во судиското продолжение од првото полувреме. Тогаш репрезентативецот на Мали, Бисума, доби втор жолт картон и беше исклучен.
Со играч повеќе, Сенегал рутински ја одржуваше својата предност во текот на остатокот од натпреварот и обезбеди полуфинале против победникот од натпреварот меѓу Египет и Брегот на Слоновата Коска. Тој натпревар е закажан за сабота.