Велешанец, на 54-годишна возраст движејќи се пеш е прегазен синоќа во скопското село Визбегово, информираше денеска МВР.
Сообраќајниот инцидент се случил околу 21,20 часот на локалната улица „бр.4“, кога автомобил „опел“, кој го управувал дваесетгодишник налетал на пешакот, кој бил префрлен во Клиничкиот центар каде му се констатирани тешки повреди.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.