Жител на скопското село Бањани бил физички нападнат и тешко повреден во петокот претпладнето од возач на автобусот на линијата бр.61, по што бил згрижен во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ Скопје.
Според дневниот билтен на Министерството за внатрешни работи, 79-годишниот маж откако се симнал од автобусот имал вербална расправија со возачот, кој потоа го нападнал и тешко го повредил.По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.