Според судска одлука објавена оваа седмица, бракот на холандска двојка е поништен откако службеното лице користело говор генериран преку ChatGPT кој требало да биде „разигран“ но не ги исполнувал законските барања.
Двојката од градот Цволе, чии имиња се избришани од одлуката од 5-ти јануари според холандските правила за приватност, тврдела дека имаат намера да се венчаат без оглед на тоа дали биле употребени точните зборови кога ги размениле брачните завети.
Според пресудата, службеното лице на нивната церемонија на 19-ти април прашало дали „ќе продолжат да се поддржуваат, да се задеваат и да се прегрнуваат, дури и кога животот ќе стане тежок“.
Двојката рекла „Да“, а матичарот ги прогласил за „не само сопруг и сопруга, туку пред сè тим, луда двојла, љубов и дом еден на друг“.
Но судијата открил дека тие всушност не се заветувале дека ќе ги исполнат своите брачни должности – нешто што го бара холандскиот закон.
„Судот разбира дека датумот на венчалниот извод е важен и за мажот и за жената, но не може да го игнорира она што го вели законот“, па затоа нареди бракот да се избрише од градскиот регистар на Цволе.