Државата го распредели речиси целиот дел од таканаречениот унгарски кредит предвиден за македонските компании. Последната транша исплатена кон Развојната банка изнесува речиси 7 милиони евра, а таа се очекува да ги прераспредели парите по комерцијалните банки каде фирмите аплицирале со свои проекти.
Вкупно 224,3 милиони евра се исплатени досега од вкупно 250 милиони предвидени од унгарскиот кредит исвести преку соопштение Министерството за финансии
Последната нова транша изнесува 6,9 милиони евра, со што преостануваат уште 25 милиони за во следниот период.
Кои фирми земале кредит од државата која се задолжи преку кредит во Унгарија за сега останува тајна. Условите за земање кредит за фирмите се со 1,95 % камата, грeјс период од 3 години и рок на отплата до 15 години.
Тие за проектот кој ќе го финансираат од кредитот мора да имаат сопствено учество од 20 %.
Кредитите за компаниите се дел од милијарда евра заем кој Македонија го доби од Унгарија. Двесте ипедесет милиони евра се за компаниите, исто толку за локалните власти, а 500 милиони за враќање стари заеми на државата.