Фудбалерите на Аталанта го победија Торино со 2:0 на домашен терен во Бергамо во последниот натпревар од саботната програма на 20-то коло од италијанската Серија А.
Во тежок натпревар, Аталанта поведе во 13. минута со голот на белгискиот играч Де Кетелаере и тој резултат важеше до 95. минута. Тогаш топката на средината на теренот топката ја прими Марио Пашалиќ, кој имаше отворен пат до противничкиот гол, па смирено поентираше за конечните 2:0.
Со овие три бода Аталанта не направи напредување на табелата, остана на седмото место, додека Торино е сè уште на 12-та позиција.
Рома го победи Сасуоло со 2:0 на домашниот стадион „Олимпико“. Рома беше подобра, особено во второто полувреме, и својата доминација ја претвори во гол дури во 76. минута. Соуле имаше убава асистенција, додека Коне со глава ја смести топката покрај противничкиот голман за 1:0. Набрзо потоа, натпреварот беше целосно решен, Соуле непречено постигна гол од десет метри за 2:0.
Рома привремено скокна на третото место на табелата и има ист број бодови како второпласираниот Милан. Интер е прв со три бода повеќе.
Во напнат и жесток натпревар, Комо и Болоња одиграа нерешено 1:1. До 94. минута, Болоња водеше од 1:0 со играч помалку. Првиот гол на натпреварот го постигна Камбијаги во 49. минута, а набргу потоа истиот играч го стави својот тим на големи искушенија. Во 60. минута Камбијаги беше исклуечен поради удирање со лакт на противникот, а Комо жестоко напаѓаше до крајот, барајќи пресврт или барем бод. Батурина кој влезе во игра 84. десет минути подоцна во судиското продолжение одлично реализираше од врвот на шеснаесетникот под пречката во спротивниот агол, за конечните 1:1.
Комо остана шести на табелата, како и Болоња на осмото место.
Удинезе и Пиза ремизираа 2:2. Гостите поведоа во 13. минута со голот на Трамони, но до полувремето Удинезе веќе го сврти резултатот во своја полза. Прво Кабаселе израмни во 19. минута, додека на крајот од првото полувреме беше досуден пенал за домаќините, а Дејвис беше прецизен за 2:1. Во остатокот од натпреварот беше постигнат само еден гол, а Мајстер беше стрелец во 67. минута за конечна поделба на бодовите. Пиза остана последна на табелата.
Неделните натпревари од ова коло се Лече – Парма, Фиорентина – Милан, Верона – Лацио и во големото дерби Интер – Наполи. Уште два натпревари се играат во понеделник, а се среќаваат Џенова – Каљари и Јувентус – Кремонезе.