Не сака секој да работи до пензионирање. Некои вработени сакаат да стекнат доволно пари за да се ослободат порано. На кој начин може да се оствари тоа? Одговорите можеби можете да ги најдете во овој текст објавена на германската јавна телевизија ARD.
Лили-МАРИ ХЕЛЧЕР (АРД)
Пензија на 67 години – за многумина не звучи примамливо. Наместо тоа, се повеќе млади луѓе сакаат да бидатфинансиски независниуште на 40 години и да живеат од приходите кои им ги носи нивниот имот– без класична работа.
Тие што сакаат „пензија“ на 40 години, стремат кон слобода, независност, самостојно одлучување за својот живот, а можеби и едноставно повеќе да не одат на работа.
„Често станува збор за можноста човекот сам да го контролира времето и да не зависи од работодавец или крута хиерархија“, вели Катарина Лит, директорка во финтек компанијата Raisin за50kна ARD на Јутјуб.
Понекогаш и патот е целта: „Дали можам да си дозволам пауза од работа или да работам скратено работно време?“
Што е правилото од 4 проценти?
Луѓето што живеат вака се нарекуваатфругалисти(латински:frugalis– корисен, вреден, добар со ресурси). Тие живеатштедливо и штедатсо јасна цел: финансиска слобода. Сето тоа бара добра подготовка, особено кога станува збор за заштеда.Колку пари треба да се заштедатзависи од тоа колку е потребно за месечни трошоци за живот.
Фругалистите не трошат од основниот капитал, тукуживеат само од приход– од дивиденди, камати, наемнини или удели во фирми.
Основата за тоа е студијата Trinity од 1998, која ги анализирала одржливите стапки на повлекување средства од пензиски фондови.Едноставно кажано: целта е да се утврдиколку пари можете да повлечетегодишно од вашето пензиско осигурување или пензиски фонд без да ви снема пари пред да поминат одреден број години. Ако повлекуватепо 4% годишно, за 30 години, теоретски парите би требало да траат – под услов да се вложени долгoroчно и разновидно.
Но, важно е да се знае: тоа е само груба насока, вели Катарина Лит.
„Во 95% од случаите, парите биледоволни ако повеќе се инвестиралово акции. Но, тоа не значи дека треба слепо да се потпирате на просекот“.
Штедење: 25 пати годишентрошок
Фругалистите, како Оливер Ноелтинг, го користат правилото од 4% за калкулација. Тој вели дека тоа е солидно правило за процена колку му треба за да биде финансиски независен и да не мора повеќе да работи.
Ако троши 4% од вложените средствагодишно, значи декатреба да се заштеди 25 пати повеќе од годишните трошоци.Формулата за штедење пред пензионирање е изведена од ова: за да имате доволно за пензионирање, ви требаат 25 пати повеќе од вашите годишни трошоци.
Милион евра за неколку години?
На пример, просечното германско домаќинство во 2022 трошело 2.846 евра месечно. Со помош на алатка како „Калкулатор за финансиска слобода“ од Finanzfluss, можете да пресметате колку ви е потребно за да ги имате тие 2.846 евра на располагање секој месец. Постојат и други калкулатори, па вашите резултати може да варираат.
Под претпоставка дека просечниот годишен принос е околу 6%, како што е дадено од индексот MSCI World, и да штетите 15 години, ќе ви бидат потребни над еден милион евра за да се пензионирате на 40 години и да живеете од тоа 30 години. За да го постигнете тоа, би требало да штедите над 5.000 евра месечно.
Сепак, треба да се земе предвид и декапросечниот животен векза мажите е 78,2 години, а за жените 83 години.
Фругалистите живеат екстремно скромно
Просечната бруто-плата воГерманијаво април 20224 година била 4.634 евра. Според статистиките, Германците во просек штедат околу 10% од приходите. Тоа можеби звучи малку во споредба со 5.000 евра што ги заштедуваат штедливите, но во глобала,тоа е всушност доста висока стапка.
ВоАвстрија, стапката на штедење е околу 9%, воСАД4,7%, а во Јапонија само 2,8%.
Сепак, фругалиститечесто живеат со помалку од просечниот Германец – тие трошат помалку месечно и заштедуваат до 70% од својот приход. Ако, на пример, целта ви е да се пензионирате со 1.500 евра месечно, тогаш треба да заштедите околу 2.637 евра месечно за да ја достигнете сумата од половина милион евра.
Но, ова исто така значи сериозни одрекувањаво секојдневниот живот, нагласува Катарина Лит:
„Тоа обично значи живеење во мала соба, во заеднички стан или некаде на село. Не можете да живеете во популарни градски населби, бидејќи само за кирија се потребни две третини од вашиот буџет од 1.500 евра“.
Финансиската состојба може да се промени
Само со трошоци пониски од просечните може да биде можно да се престане со работа многу пред официјалното пензионирање. Но, постојат и ризици кои е тешко да се предвидат, вели Лит:
„Ако, на пример, живеете во стан со поволна кирија, но вашиот газда го откажува договорот, мора да барате нов стан. Ова може непланирано да ги удвои вашите трошоци за домување“.
Таа додава дека секогаш можат да се случат работи што ќе ви го променат животот и финансиската состојба – како што е основање семејство или губење на работата. Дури и кога веќе сте во фаза на повлекување пари од вашиот фонд, постојат ризици: „Не можете да кажете – ќе ги продадам сите акции сега кога ќе бидат на својот врв. Мора постојано да повлекувате дел од парите, дури и кога има пад на берзата“.
Даноци, здравствено и пензиско осигурување
И за време на фазата на повлекување на парите, мора да плаќате даноци: „Кога продавате акции, тоа подлежи на данок на капитална добивка. Истото важи и за дивидендите – тие се оданочуваат во целост“, објаснува Лит. Овој данок – таканаречениотAbgeltungssteuer– е 26,375%. Може да се намали преку таканаречениотGünstigerprüfung, германски даночен механизам кој проверува дали вашата лична даночна стапка е поповолна од оваа фиксна стапка.
Не можеда се заборави и наздравственото осигурување: секој што ќе престане да работи на 40 години и ќе остане покриен со задолжително здравствено осигурување мора да продолжи да плаќа придонеси, но нема право на боледување. А, секој што не работи повеќе не уплаќа во пензискиот фонд.
Сè што сте уплатиле до 40-годишна возраст, ќе го добиете дури кога ќе наполните 67 години.
Дали тоа е реално?
Дали сето ова е реално зависи од вашата лична ситуација. Штедливиот Оливер Ноелтинг, на пример, повеќе не се стреми кон пензионирање на 40 години: „Не ја следамстрого таа цел со години“, изјави тој заARD. „За да го постигнам тоа, би морал да работам со полно работно време, а јас сакам да имам повеќе време за моето семејство во моментов. Затоа сè уште работам со скратено работно време и, на пример, во 2022 година зедов една година родителско отсуство“.
Сепак, КатаринаЛит вели: „Мислам дека е корисно да се размислува за ова. Тоа ги тера луѓето да се запрашаат – кои се моите финансиски цели и колку навистина ми треба за старост“.