Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во неделата ги повика демонстрантите во Иран да продолжат да протестираа и покрај жестокиот одоговор на иранските власти.
„До храбрите девојки, студенти, мажи и жени на улиците: Ова е ваше време“, напиша Мецола на X во изјавата која се обраќа на оние кои изминатите години протестираа но нивната бројност не е толку забележлива како пред три години во најголемите протести ширум Иран против верските власти.
Без да го спомене палењето на јавните објекти и џамии, продавници и употреба на автоматско оружје во напади врз безбедносните сили, осврнувајќи се на блокадата на интернет во Иран, Мецола додаде: „Знајте дека секој режим што ја блокира комуникацијата е режим што се плаши од својот народ“.
Мецола на денот кога ширум Иран беа организирани масовни поворки во поддршка на владата и клерот, го повика раководството во Техеран „да го промени курсот“, велејќи дека „достоинството и слободата не се премногу за барање во 2026 година.
„Убиствата мора да престанат. Невините и прогонуваните мора да бидат ослободени. Репресијата мора да заврши“, напиша Мецола.
Таа, исто така, ги повика членките на ЕУ да го зголемат притисокот врз Техеран, иако не кажа како треба да се направи тоа бидејќи главните земји членки веќе се придружија на америакнските санкции вратени во 2018 година, велејќи: „Европа мора да ја разбере својата должност и мора да дејствува“.