Ѕвездата на Бостон Селтикс, Џејлен Браун, беше казнет со 35.000 долари за критикување на судиите по поразот од 95:100 од Сан Антонио Спарс во саботата во натпреварот од регуларниот дел на НБА лигата.
„Искрено, заморен сум од недоследноста и ќе ја прифатам казната, но веќе доста ми е секогаш кога играме против добра одбранбена екипа судиите да не сакаат да судат фаули во наша полза, а потоа го судат секој допир на другата страна како ние да играме прецврсто. Тоа е многу фрустрирачки. Спарс се добар дефанзивен тим, но не се толку добри, се надевам дека некој ќе направи видео од сите сомнителни ситуации“, рече Браун, кој конкретно го критикуваше главниот судија Кертис Блер.
„Кертис беше ужасен вечерва. Не ми е гајле, можат да ме казнат колку што сакаат, но ова беше лудо“, ддодаде
Коментарите на Браун се поткрепени со односот на слободни фрлања во тој натпревар, при што Селтикс зиведоа само четири, а Спарс дури 20.