Во СВР Скопје синоќа во 22.30 часот била пријавена сообраќајна несреќа со тешки последици.
На улицата Македонско- косовска бригада“ во Скопје, автомобил „фолксваген голф“ со скопски таблички, управуван од малолетник (16) од Скопје, удрил во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Пешакот задобил тешки повреди и бил пренесен во Ургентен центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.