Лидерката на опозицијата во Венецуела, Марија Корина Мачадо, им изјави на новинарите дека му ја понудила Нобеловата награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп на приватната средба во Белата куќа во четвртокот, но не кажа дали тој ја прифатил.
„Мислам дека денеска е историски ден за нас, Венецуелците“, рече Мачадо по средбата со Трамп, првпат кога се сретнаа лично.
На прашањето дали американскиот претседател го задржал медалот, таа не одговори.
Мачадо неодамна рече дека доделувањето на наградата на Трамп би бил чин на благодарност од венецуелскиот народ за отстранувањето на претседателот Николас Мадуро.
Нобеловиот институт објави во саботата дека Нобеловата награда за мир не може да се пренесе, подели или одземе,
Откако американските сили го грабнаа венецуелскиот претседател Мадуро во Каракас, Трамп одби да ја поддржи Мачадо, велејќи дека таа нема доволна поддршка и не е квалификувана да ја води земјата.