Возач на автобус на ЈСП Скопје вчера доцна попладнето пријавил во полиција дека бил нападнат.
Како што соопшти СВР Скопје Н.Р.(58) од Скопје, возач во ЈСП Скопје, пријавил дека откако застанал во близина на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром, во автобусот бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.