Американскиот претседател Доналд Трамп спроведе „реална проценка“ на поддршката за лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, соопшти Белата куќа во четвртокот, откако Трамп претходно изјави дека таа е нема потенцијал да ја води земјата.
Мачадо, која бара улога во управувањето со нејзината земја, беше во Белата куќа на ручек со Трамп во четвртокот.
Трамп ја исклучи Мачадо од својата стратегија за Венецуела. Кратко по грабнувањето на поранешниот претседател Николас Мадуро, кој сега е во американски притвор, Трамп рече дека Мачадо, која наводно тајно ја напушти Венецуела во декември за да ја прифати Нобеловата награда за мир, е неквалификувана да ја води земјата.
Нејзината посета на Белата куќа доаѓа ден по „долгиот позитивен разговор“ меѓу американскиот претседател и привремената претседателка на латиноамериканската земја, Делси Родригез, во кој САД ја потврдија својата намера да продолжат со владејачкиот тим кој остана на власт во Каракас откако американските специјални сили го грабнаа претседателот Мадуро.
Делси Родригез го опиша разговорот како „продуктивен и пријателски“.
Иако не посочи никаква намера да ја поддржи венецуелската опозиција или да „организира избори“ во земјата како што инсистираат опозициските демократи во САД, Доналд Трамп изјави за телевизијата Fox News дека „со нетрпение“ очекува средба со Мачадо.
Кога беше прашан за можноста лидерката на венецуелската опозиција да му ја додели Нобеловата награда, Трамп одговори: „Слушнав дека таа сакала да го стори тоа. Тоа би ми било голема чест“.
Норвечките институции кои ги доделуваат најпрестижните награди минатата седмица на таквата најава на Мачадо за да му ја преостапи наградата на американскиот претседател, соопшти дека е апсолутно невозможно да се пренесе, подели или одземе доделена Нобелова награда.