Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против Е.А.(41) од Струмица, товарејќи го за кривичните дела „загрозување на сигурноста“ и „полово вознемирување“.
Пријавениот подолг временски период преку социјални мрежи и апликации упатувал закани и непристојни понуди кон две женски лица.