Актуелниот европски и француски шампион Пари Сен Жермен го победи Лил со 3:0 на својот „Парк на принцовите“ во петокот вечерта и привремено го врати првото место во Лига 1.
Усман Дембеле ги постигна првите два гола за парижаните, првиот во 13. минута по асистенција на Витиња, а вториот во 64. минута со мајсторски лоб од работ на шеснаесетникот. Конечните 3:0 ги постави Бредли Баркола во третата минута од судиското продолжение пред крајот на натпреварот.
Со својата 13-та првенствена победа, ПСЖ стигна до 42 бода и го престигна Ланс, кој има 40 бода, но и натпревар помалку. Марсеј и Лил се на третото и четвртото место со по 32 бода.
Во петокот вечерта Лориен направи мало изненадување и со 3:1 славеше на гостувањето кај Монако со два погодока во самата завршница. Гостите поведоа во 68. минута преку Диенг, но домашните израмнија по осум минути со голот на Фати. Десет минуто подоцна Лориен дојде до трите бода со двата брзи погодока на Макенго во 85. и Карим во 87. минута.
Монако остана моментално на деветтото место на табелата со 23 бодови, додека Лориен е 12-ти со бод помалку.
Во сабота на програмата се дуелите Ланс – Оксер (17.00 часот), Тулуз – Ница (19.00 ч.) и Анже – Марсеј (21.05), додека в недела се среќаваат Стразбур – Мец (15.00 ч.), Нант – Пари ФК (17.15), Рен – Авр (17.15) и Лион – Брест (20.45).