Еквадор во петокот објави дека распоредил 10.000 војници во широко медиски објавена операција против банди за трговија со дрога одговорни за зголемувањето на насилството во земјата.
Сместен меѓу двата главни извозници на кокаин во светот, Колумбија и Перу, Еквадор стана главно појдовно пристаниште за дрога произведена во регионот и најнасилната земја во Латинска Америка поради меѓусебните брутални пресметни на бандите поврзани со мексиканските и колумбиските картели.
За борбата против оваа појава, владата на Даниел Нобоа, сојузник на американскиот претседател Доналд Трамп во Латинска Америка, одлучи да го засили својот безбедносен одговор.
Меѓу 10.000 војници распоредени во петокот, стотици војници од специјалните сили слетаа во пристанишниот град Гвајакил, клучен центар за трговија со дрога, за да го обезбедат брегот, изјави генералот Марио Бедоја за новинарите.