Светскиот рекет број еден, Шпанецот Карлос Алкараз, ја започна својата кампања на Австралија Опен со победа од 6-3, 7-6(2), 6-2 над Австралиецот Адам Волтон.
Дваесет идвегодишниот Шпанец, кој може да го надмине Дон Баџ и да стане најмладиот играч што ги освоил сите четири Гренд-слем турнири барем еднаш, ѝ приреди на полната „Род Лејвер Арена“ впечатлива егзибција што често ги предизвикуваше навивачите да стојат со овации.
„Многу сум среќен што играм првпат оваа сезона. Мислам дека не може да биде подобро отколку овде на Род Лејвер Арената. Беше добар натпревар, се чувствував одлично“, рече Алкараз.
Шесткратниот освојувач на Гренд-слем турнири обезбеди средба во второто коло со Германецот Јаник Ханфман. За разлика од неговиот успех со титули на други Гренд-слем турнири, 22-годишникот никогаш не поминал подалеку од четвртфиналето во Мелбурн Парк.
„Последните две години тука играв навистина добар тенис, но во четвртфиналето загубив од Зверев и Ѓоковиќ. Мислам дека е многу невообичаено да се игра против играчи како него во четвртфиналето ако си број еден или втор во светот“, им рече првиот носител на ранг-листата на новинарите.