Светскиот поредок каков што го знаеме и иднината на НАТО се во прашање, драматично изјави во неделата данскиот министер за надворешни работи, во време кога осум европски земји сојузници во Северноатлантскиот воен блок се соочени со заканите на американскиот претседател со царини поради пркосното испраќање на свои војници на Гренланд, стратешкиот арктички остров над кој Доналд Трамп сака да го наметне суверенитетот на САД.
„Не се сомневам дека постои силна европска поддршка и дека е од великодушна природа“, рече данскикот министер за надворешни работи Ларс Леке Расмусен за време на посетата на норвешката престолнина Осло, кој е исто така цел на закани од американскиот претседател.
„Имаме ударна моќ (…) кога ги покажуваме нашите мускули колективно и солидарно, и тоа е очигледно она што мора да го направиме“, додаде Расмунсен за време на заедничката прес-конференција со неговиот норвешки колега Еспен Барт Eјде.
Трамп сака американски суверенитет над Гренланд, поранешна колонија а сега автономна данска територија, и се закани со повисоки царини за низа производи од земјите кои ноќта кон четвртокот ненајавено итно испратија војници на островот на наводни вежби на НАТО.
Во објава на социјалната мрежа Truth Social во саботата, Трамп рече дека дополнителни увозни царини од 10 отсто ќе стапат на сила на 1-ви февруари за стоки од Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Холандија, Финска и Велика Британија – земји кои се договорија да учествуваат со персонал во воените маневри на Гренланд.
Данска, рече Расмусен, сака да продолжи да бара дипломатско решение и покрај заканите на американскиот претседател, објави BBC.
Расминсен оцени дека одлуката на Трамп да воведе царини за европските сојузници во НАТО е „многу парадоксална“, наведувајќи ја како пример безбедносната операција во Гренланд, со којашто, според него, покажала дека „Данска и нејзините партнери се посветени на заштитата на арктичкиот регион“.