Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, има намера да свика итен самит на челнциите на Европската унија во четврток, 22-ри јануари, поради тензиите околу арктичкиот остров Гренланд, изјави во неделата вечерта висок европски функционер.
Изворот рекол дека датумот за самитот не е сугурно одреден, но дека самитот дефинитивно ќе се одржи до крајот на следната седмица.
Кошта издаде соопштение во неделата навечер во кое се вели дека одржал консултации со земјите-членки за ситуацијата околу Гренланд.
Претседателот на Европскиот совет рече дека консултациите покажале дека ЕУ е „обединета во почитувањето на принципите на меѓународното право, територијалниот интегритет и националниот суверенитет“ и дека е „обединета во поддршката и солидарноста со Данска и Гренланд“.
Кошта истовремено наведе дека е „заеднички трансатлантски интерес да се обезбеди мир и безбедност на Арктикот, преку соработка во рамките на НАТО“.
Исто така, ја истакнува „заедничката проценка“ дека царините објавени од американскиот претседател Доналд Трамп „ќе ги поткопаат трансатлантските односи“ и дека тое „не се компатибилни со трговскиот договор меѓу ЕУ и САД“, и дека ЕУ е подготвена да се одбрани од каква и да е принуда.
Во неделата попладнето, амбасадорите на земјите-членки одржаа вонреден состанок на кој разговараа за најновите случувања во врска со Гренланд и американскиот пристап кон тој арктички остров што е дел од Кралството Данска и најавата за дополнителни царини против осумте западноевропски земји што ги испратија своите војници во Гренланд на итно закажани воени вежби.