Силите на исламистичката сириска власт продолжика со своите продирања на територијата контролирана од Курдите во саботата и покрај повиците од САД да го запре напредувањето кон градовите на северот од земјата.
Државните медиуми објавија дека армијата го освоила северниот град Табка и блиската брана со исто име и стратешката брана „Слобода“, порано позната како „Баат“, западно од сирискиот град Рака.
Курдските власти не признаа ниту една од овие загуби и не е јасно дали борбите сè уште траат.
Со денови, сириските сили се групираа околу заедница села западно од реката Еуфрат и ги повикаа Сириските демократски сили (SDF) предводени од курдските Единици за заштита на народот (YPG) таму да се преселат на другиот брег на реката. Двете страни се судираат за стратешки позиции и нафтените полиња долж Еуфрат.
Борците на SDF се повлекоа од областа рано во саботата како гест на добра волја, но потоа ги обвинија сириските сили за кршење на договорот со натамошно напредување во градовите и нафтените полиња на истокот на земјата кои не беа вклучени во договорот.
Бред Купер, командант на Централната команда на САД (CENTCOM), во изјава на платформата за социјални медиуми X изјави дека сириските трупи треба „да престанат со секакви офанзивни акции во областите“ меѓу градот Алепо и градот Табка, околу 160 километри источно.
Сунитското арапско население го поздравуваа пристигнувањето на трупите, објави државната сириска новинска агенција SANA.
Првичниот договор за повлекување го вклучуваше градот Деир Хафир и некои околни села со претежно арапско население. SDF се повлече во саботата, а сириските трупи влегоа релативно непречено, а жителите го поздравија нивното пристигнување, според медиумските извештаи.
„Се случи со најмал број загуби. Имаше доволно крв во оваа земја, Сирија. Доволно жртвувавме и изгубивме, луѓето се презаситени“, рече Хусеин ал-Халаф, жител на Деир Хафир за Reuters.
Сириската нафтена компанија (SPC) соопшти дека сириските сили ги освоиле блиските нафтени полиња Расафа и Суфџан, кои сега можат повторно да се вратат во функција.
Силите на SDF се повлекоа на исток низводно кон градот Табка, но сепак на западниот брег на реката и во близина на браната за хидроелектраната брана, која е клучен извор на енергија.
Но, кога сириската војска објави дека има намера да ја преземе контролата врз Табка, SDF објави дека тоа не е дел од изворниот договор и дека ќе се бори да го задржи градот и едно нафтено поле во негова близина.
Сириската војска соопшти дека четворица нејзини членови биле убиени во напади на курдски милитанти, а SDF соопшти дека неколку нејзини борци биле убиени, но не даде точен број.
Најновото насилство го продлабочи јазот меѓу владата предводена од претседателот Ахмед ал-Шар, чии бунтовнички сунитски исламистички сили ставени на меѓународната листа терористички организации и порано сојузници на џихадистичките групации Исламска држава и Ал Каеда, ненадејно со поддршка на турските сили на теренот го соборија деценискиот претседател алавитот Башар ал-Асад кон крајот на 2024 година, и локалните курдски власти кои се претпазливи кон неговата исламистичка администрација.
Двете страни минатата година поминаа месеци преговарајќи за интеграција на курдските воени и цивилни тела во сириските државни институции до крајот на 2025 година, велејќи дека сакаат да ги решат споровите преку дипломатски канали. Но, откако истече тој рок без значителен напредок, претходно овој месец избувнаа судири во северниот град Алепо, кои завршија со повлекување на курдските сили.
Потоа сунитската исламистичка влада во Дамаск распореди трупи околу градовите на север и исток за да изврши притисок врз курдските власти за отстапки во преговорите со Дамаск.
Курдските власти сè уште ги контролираат областите каде има големи сунитски арапски и туркофони заедници на истокот од земјата и некои од најголемите нафтени и гасни полиња.