Околу 20 часот вчера бил уапсен К.А.(27) од Скопско, кој бил пријавен за тежок чин на семејно насилство и за закани за убиство.
Имено, околу 18:20 часот во семејниот дом во Скопско, тој физички ги нападнал неговите родители и со остар предмет им упатил закани.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, велат од скопската полиција.