Припадник на крајбрежната служба на Грција во градот Астрос на Пелопонез и жена во атинската населба Глифада ги загубија животите во силното невреме што од рано утрово зафати делови од Грциј.
Доцна вечерва во Атина, животот го загуби жена која додека се движела пеш била повлечена од автомобил носен од поројната вода на поплавена улица, по што таа влегла во „сендвич“ кога тој автомобил удрил во друг. Кога дошле пожарникарите, жената веќе била без знаци на живот.
Претходно, на Пелопонез загина припадник на крајбрежната служба додека бил на должност на пристаништето во Астрос и поради силниот ветер и брановите паднал во море.
Областа Атика поширокиот регион на Атина, од попладнево е зафатена од силно невреме, а поради обилните врнежи од дожд поплавени се неколку улици и централни булевари и сообраќајот е во прекин.