Во земјава утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Претпладне ќе има локални врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег.
Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб јужен ветер.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди.
