Гостиварец (72) вчера пријавил во полициската станица во Гостивар дека некој му ги злоупотребил личните податоци и му нанел финансиска и материјална штета со тоа што на негово име се впишани добивки од игри на среќа што не завршиле во неговиот џеб.
Според пријавеното, при вадење уверение за остварен доход од Управата за јавни приходи, тој забележал дека во неговото досие се заведени добивки од игри на среќа во износ од 74.294 денари за 2024 година, кои тој никогаш не ги подигнал.
Гостиварецот се сомнева дека вработени во спортска обложувалница ги искористиле неговите податоци од лична карта за да исплаќаат добивки на трети лица и поради овие фиктивни приходи тој се соочил и со финансиски кратења на неговата пензија во Италија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, нагласува МВР.