Два случаја на работници со тешки телесни повреди регистрирала вчера Општа болница Кавадарци.
Како што соопшти МВР, и двајцата биле донесени во болницата вчераутро.
Еден од нив е Ѓ.Д.(29) од Неготино, кој се повредил извршувајќи работни задачи во фирма во Кавадарци. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци во содејство со трудов инспектор.
Со тешки повреди во Општа болница Кавадарци вчера бил донесени Н.Т.(25) од село Дабниште, Кавадаречко. Според пријавеното, тој се здобил со повредата при извршување работни задачи за Јавно претпријатие „Комуналец“ на улица „Методија Џунов- Џикот“ во Кавадарци. За настанот биле известени јавен обвинител и трудов инспектор.