СВР Велес поднесе кривична пријава против П.А. од Виница и го товари за „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
На 20 ноември лани, пријавениот од лажен профил на социјална мрежа испратил пораки кои содржеле експлицитни фотографии и видеоснимки на профил на малолетничка.
Со него е извршен службен разговор во полициска станица, при што го признал делото.