Малолетник од селото Грчец, општина Сарај вчера малку после пладне се јавил в полиција за да пријави дека неговиот 21-годишен брат бил нападнат во семејниот дом.
Всушност, тој кажал дека околу 13 часот во нивната куќа дошле две машки и три женски лица и физички го нападнале неговиот брат Д.Г.(21) и неговата малолетна девојка, при што малолетничката ја зеле со нив и заминале.
Според пријавеното, двајца од нив, биле родители на малолетничката.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели СВР Скопје.