Во две одвоени сообраќајки вчеравечер – едната во Кочанско, а едната во Скопје – повредени биле шестмина тинејџери.
Во 20:30 часот вчера во ОВР Кочани било пријавено дека на магистрален пат кај местото викано „Двојни кривини“ во атарот на селото Уларци патничко возило „фолксваген туран“ со кочански таблички, управувано од Н.С.(41) од Кочани, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 16-годишната сопатничка од селото Спанчево, додека со телесни повреди се здобиле тројца 16-годишници од с.Чешиново, с.Спанчево и с.Кучичино и 14-годишна малолетничка од с.Чешиново, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кочани.
Исто така вчеравечер, на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(25) од Скопје, удрило во А.И.(19) од с.Арачиново, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 19-годишната А.И., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.