Раперот Раде Врча-Врчак објави нов албум по 20 години. Последниот албум го сними во 2006 година, а беше насловен „Во твоето срце“, според дуетот со дуото „ДНК“.
„Албумот долго се работеше и Иванов ќе излезе некаде на крајот од февруари или во почетокот на март“.
„Снимивме преубава песна со Ла Иванова, се вика ‘Те сакам’, а ќе ја признаеме на жените за да придонесеме во борбата со сите дискритиции кои се однесуваат на сите видови на брутални психички и физички силеџиства врз женскиот род. На оваа тема снимивме и песна со Ламбе, Деки и Андреј Ѓорѓиевски од ‘ДНК’, неколку дена пред Андреј да загине. Таа е и последната испеана песна од Андреј, а името на таа преубава песна е ‘Како се сака женска’. Спонтано, во спомен на ‘ДНК’, Лара и јас снимивме уште една песна на мојот нов албум. Сите што ја слушнаа ја обожаваат“, Вели Врчак.
Музичарот додава дека албумот е целосно подготвен и ќе биде бесплатен на дигиталните платформи. Во новите песни, Врчак вели дека испраќа пораки за љубов, добрина, мир, здравје и поубав и голем живот на сите луѓе.
„Со цел да се фатат сите новости и темите кои заслужуваат најдобро внимание во животот на сите луѓе, ќе има и долго видео, за подготовка во текот на целата година. Пораките кои испраќаат е да се помогне на Светската здравствена организација во борбата против број еден причинител за предвремена смрт во целото човештво, а тоа се кардиоваскуларните болести“, вели Врчак.
Албумот треба да излезе на крајот на 2025 година, но беше одложен поради смртта на Владимир Блажев-Панчо од „ДНК“, кој почина на 14 октомври по седуммесечно лекување во болницата по пожарот во Кочани на 16 март.
М. ЏАРОВСКА
The post ВО ЧЕСТ НА „ДНК“ СНИМИВ ДУЕТ СО ЛАРА ИВАНОВА ПРОТИВ ДИСКРИМИНАЦИЈА ВРЗ ЖЕНИТЕ, ВЕЛИ ВРЧАК, КОЈ НАЈАВИ НОВ АЛБУМ се појави прв на СМАРТ – СДК МК.