Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува претежно облачно време, а во крајните северозападни делови со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно со услови за повремени локални врнежи од дожд.
Температурата во текето на денот ќе се движи меѓу 8 и 13 Целзиусови степени.

Пообилни врнежи и услови за ретки грмежи ќе има во понеделник, врнежите ќе продолжат и во вторник до вечерните часови. Во среда претпладне ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта и во четврток, повторно ќе има врнежи од дожд и снег.
