Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има врнежи од дожд, коишто наместа ќе бидат пообилни (над 30./м2), проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег.

Во Скопје утре почнувајќи од утринските часови ќе има повремени врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообемни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во вторник претпладне сѐ уште во источните делови од земјата ќе има слаби врнежи од дожд во пониските и од дожд и од снег на повисоките места и на планините. Попладне времето ќе се стабилизира, а во сред кон крајот на денот и во четврток, повторно ќе има локални врнежеи од дожд а на планините од снег.