Ферибот со 332 патници и 27 членови на екипажот потона во јужните Филипини откако се преврте на пат од градот Замбоанга на островот Минданао до островот Џоло, соопшти Филипинската крајбрежна стража (PCG).
Првично беше потврдено дека најмалку осум лица се мртви, според Арсина Кахинг-Нанох, градоначалничката на општината Хаџи Мухтамад, каде што се случил инцидентот.
Командантот на PCG, Ромел Дуа, од округот Јужен Минданао, подоцна изјави за Ројтерс дека 15 загинале, 316 се спасени, а 28 се водат како исчезнати.
Во тек е истрага за да се утврди причината за несреќата, а воени авиони и бродови се распоредени за да помогнат во спасувачките напори, додаде Дуа.