На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути падна во раното тргување во понеделникот.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, утрово се лизна за 0,2 отсто, на 97,03 поени, блиску до најниското ниво за четири месеци.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута потона за 1,2 отсто, на 153,90 јени. Силниот раст на јенот е резултат на пораките од јапонските власти дека би можеле да интервенираат на пазарот доколку јенот премногу ослабе.
Американската валута, исто така, се лизна во однос на европската, за 0,4 отсто, па цената на еврото достигна 1,1865 долари, највисоко ниво за речиси четири месеци.
Цените на нафтата, од друга страна, благо се зголемија. На лондонскиот пазар цената на барелот утрово порасна за 0,14 отсто, на 65,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,18 отсто, на 61,20 долари.