Поранешните американски претседатели Бил Клинтон и Барак Обама од опозициските демократи во неделата ги повикаа Американците да ги бранат „демократските вредности“ на земјата по смртта на уште еден граѓанин во Минеаполис, кој беше застрелан од федерални агенти.
Американецот Алекс Прети, 37-годишен медицински техничар кој работел на одделот за интензивна нега во болница за ветерани, беше убиен во саботата за време на протестно попречување на операциите на Службата за имиграција и царина (ICE) против нелегалните мигранти.
Неговата смрт дополнително ја влошува ситуацијата што е исклучително напната по убиството на Рене Гуд, Американка која беше убиена од агент на ICE на 7-ми јануари, исто така во Минеаполис при акција на попречување на движењето на федералните службиници за воспоставување на редот.
„Од сите нас кои веруваме во американската демократија зависи да се кренеме и да проговориме“, рече поранешниот демократски претседател Бил Клинтон во неделата, додавајќи дека администрацијата на сегашниот претседател Доналд Трамп „лаже“ за двата смртни случаи.
Барак Обама, исто така поранешен демократски претседател, упати „повик за будење“ до граѓаните бидејќи „фундаменталните вредности се под напад“.
Доналд Трамп за двате смртни случаи ги избраните демократски функционери во градот и државата кои се противат на неговите политики и кои со своите изјави во јавноста ги охрабруваа граѓаните во нивните акции против федералните агенци против нелегалната миграција.
„За жал, двајца американски граѓани ги загубија животите поради овој хаос предизвикан од демократите“, напиша Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social.
Минеаполис веќе неколку седмици е потресен од протестно движење против присуството на ICE. Во неделата, многу луѓе се собраа на смрзнувачки студ на импровизиран споменик подигнат во чест на Алекс Прити, на местото на неговото убиство.
Во центарот на градот со нешто повеќе од 400.000 жители, околу илјада луѓе се собраа напладне за да му оддадат почит на Алекс Прити и да протестираат против постапките на федералните органи за спроведување на законот, пренесува AFP.
Како и со смртта на Рене Гуд, администрацијата на Трамп веднаш го обвини Алекс Прети за сопственото убиство, а министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем го обвини за „тероризам“ бидејќи, според неа, имал намера да им се закани на полицајците со пиштол, чија слика ја објавија властите.
Анализата на медиумитена видеото, кои речиси деценија постојано го критикуваат републиканецот Трамо, наводно ја побиваат оваа верзија.
Според снимката, Алекс Прети не бил вооружен во времето кога бил убиен, пишува AFP, а Reuters пишува дека видеата од убиството го прикажуваат 37-годишниот Прети како држи телефон во раката а не пиштол, додека се обидува да им помогне на другите демонстранти кои биле турнати на земја од агентите.
Неколку агенти го зграпчуваат Прети, кој се бори со нив, и го принудуваат да клекне на раце и колена. Додека агентите притискаат врз Прети, некој извикува нешто што звучи како предупредување за пиштол.
Потоа на видеото се гледа како еден од агентите зема пиштол од појасот на Прети и се оддалечува од групата со него.
Неколку моменти подоцна, полицаецот насочува пиштол кон грбот на Прети и испукува четири истрели во брза низа. Се слушаат уште истрели додека друг полицаец се појавува како пука кон Прети.
Се слушнале најмалку десет истрели, тврди AFP.
Властите на Минесота велат дека Прети имал важечка државна дозвола за носење скриено оружје во јавност, право што го потврди Врховниот суд на САД во 2022 година.
Во соопштението, родителите на Алекс Прети ја обвинија администрацијата на Трамп за ширење „одвратни лаги“ за нивниот син „добродушен човек“.
Многу пратеници од опозицијата изразија негодување поради обвинувањата на владата.
„Американската јавност треба да биде ужасната што администрацијата на Трамп е толку отворена во своите лаги“, изјави демократскиот сенатор Крис Марфи за СNN.
Лидерите на 60 компании со седиште во Минесота, вклучувајќи ги малопродажните гиганти „Target“ и „General Mills“, потпишаа отворено писмо „во кое повикуваат на итна деескалација на тензиите и соработка на локалните, државните и федералните власти за наоѓање конкретни решенија“.
Демократскиот гувернер на Минесота, Тим Волц, во саботата побара истрагата да ја водат државните, а не федералните власти. „Не можеме да ѝ веруваме на федералната влада“, изјави тој. Повторно го повика Трамп да ги повлече федералните агенти од државата, која побара од федералниот судија да ги ограничи она што го нарекува неуставни ексцеси во зголемувањето на бројот на агенти од страна на Трамп.
Во пресудата издадена во саботата навечер, федералниот судија ѝ нареди на администрацијата на Трамп да ги зачува доказите поврзани со смртта на Алекс Прети.
И покрај смртта на болничарот, високиот функционер на ICE, Грег Бовино, во неделата на CNN изјави дека „жртвите се агенти“ и ја пофали нивната „одлична работа“.