Во вторникот норвешкиот парламент одобри план за набавка на артилериско оружје со долг дострел во вредност од две милијарди евра, а норвешките медиуми објавија дека Осло се одлучил за јужнокорејската понуда наместо за американската.
„Тоа е оружје кое може да стигне далеку зад непријателските линии, што е клучно во современото војување“, изјави портпаролот за одбрана на опозициските конзервативци во парламентот во вторникот без да конкретизира на која наводна закана по Норвешка се мисли.
Водечкиот норвешки дневен весник Aftenposten, повикувајќи се на анонимни извори, на 24-ти јануари напиша дека владата веќе одлучила за системот „Chunmoo“ на јужнокорејската компанија „Hanwha Aerospace“, избирајќи го наместо системот HIMARS на американскиот приизводител „Lockheed Martin“.
Некои од норвешките пратеници побараа нордиската земја да помогне во развојот на европска алтернатива на овие системи, но ова беше отфрлено како нешто што бара премногу време и ресурси.
Aftenposten пишува дека планот е првите ракетни системи во Норвешка да бидат поставени веќе во 2028 година.
Јужнокорејската понуда ги задоволи потребите на Норвешка, вклучувајќи дострел од 500 километри и најбрзо време на испорака.