Млада полска тинејџерка загина откако брановите ја повлекле в море на Малта, јавија светските агенции.
Тим нуркачи трагале по телото на 13-годишно девојче од Полска, кое било однесено во морето од големите бранови во понеделникот попладне на северот на архипелагот Малта, соопштија локалните власти.
Девојчето го гледало бурното море со своето семејство зад оградите, кога одеднаж удриле силните бранови. И нејзиниот татко (49) и нејзиниот брат (17), исто така биле однесени од брановите, но успеале да се искачат на безбедно.
Јужниот Медитеран е погоден од постојани бури овој месец, кои ја оштетија инфраструктурата и на Малта и на италијанските острови Сицилија и Сардинија.