1 минута за читање
Висок советник на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, Али Шамкани, објави на социјалните мрежи на хебрејски дека режимот на ајатоласите ќе го нападне Тел Авив како одговор на секој напад на САД, објави „Тајмс оф Израел“.
„Секоја воена акција од страна на Америка, од кое место и на кое било ниво, ќе се смета за почеток на војна, а одговорот ќе биде непосреден, сеопфатен и без преседан и ќе биде насочен кон агресорот, срцето на Тел Авив и сите негови поддржувачи.“
Објавата на Али Шамкани доаѓа во време на тековните шпекулации за тоа дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе го нападне Иран како одговор на крвавото задушување на антивладините протести во кои загинаа илјадници луѓе.
Во декември, Шамкани напиша во X: „Секоја агресија ќе биде дочекана со непосреден #Суров одговор надвор од имагинацијата на нејзините планери.“