Актерката Марго Роби носеше ѓердан на холивудската легенда Елизабет Тејлор на премиерата на филмот „Оркански височини“ во Лос Анџелес. Вредноста на ѓерданот е 8,8 милиони долари.
Новата филмска адаптација на книжевниот класик на Емили Бронте е во режија на оскаровката Емералд Фенел, а сите улоги ги играат австралиските актери Роби и Џејкоб Елорди.
Роби носеше фустан од „Скјапарели“, дијамантски обети од „Лорејн Шварц“ и голем ѓердан во форма на срце.

Приврзокот е дел од оставината на холивудската ѕвезда Елизабет Тејлор како едно од најзначајните парчиња во својата колекција. Станува збор за дијамантскиот ѓердан „Таџ Махал“ од „Картие“. Ѓерданот потекнува од Индија од 16. век и е го подарил сопруг, легендарниот актер Ричард Бартон, за 40. роденден во 1972 година.

„Оркански височини“ од 12 февруари ќе игра во скопското кино „Синеплекс“.
(Фото: АП)
The post МАРГО РОБИ НОСЕШЕ ЃЕРДАН НА ЕЛИЗАБЕТ ТЕЈЛОР НА ПРЕМИЕРАТА НА „ОРКАНСКИ ВИСОЧИНИ“ се појави прв на СМАРТ – СДК МК.