Влатко Лозаноски-Лозано премиерно ја објави новата песна „Купи ме“. За песната е снимен и видеоспот, кој за поп-пејачот вели дека визуелно ја надополнува музичката приказна.
Во спотот, покрај Лозано, се појавува и манекенката Марта Михајловски. Видеото е во реализација на Гордан Божиновски, а продуцентка е Верица Донев-Божиновски.
„’Купи ме’ е стил на песна што најмногу ја чувствувам и ми ‘лежи’“, вели пејачот, кој се подготвува за својот концерт на 7 март во салата „Борис Трајковски“.
„Се подготвуваме сериозно.
Тој го најавува концертот како целосен музичко-сценски настан, со засилена продукција и специјално подготвена програма и додава дека уште не сака да открие детали.
The post ПЕСНА КАКО „КУПИ МЕ“ НАЈМНОГУ МИ ЛЕЖИ, ВЕЛИ ЛОЗАНО ЗА НОВИОТ СИНГЛ се појави прв на СМАРТ – СДК МК.