Американскиот МЛС тим Сан Хозе официјално објави во четвртокот дека потпишал со 29-годишниот германски фудбалер Тимо Вернер, кој го напушти германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг.
Вернер потпиша договор со Сан Хозе до јуни 2028 година и ќе ја напушти својата татковина по третпат во кариерата.
„Секогаш е голем предизвик да се одлучи да се оди преку Атлантикот, но во Сан Хозе и САД ги имам сите предуслови за успех“, рече Вернер кој ја започна својата професионална кариера во Штутгарт.
Потоа играше за РБ Лајпциг, Челзи и минатата сезона во Тотенхем, каде што беше позајмен. Својот најдлабок белег го остави во Лајпциг, за кој играше во два наврата и постигна 89 гола во 165 лигашки настапи.
Во дресот на германската репрезентација, тој одигра 57 натпревари со 24 гола.
„Возбудени сме поради неговото доаѓање, што во секоја смисла е голем настан за нашиот клуб“, рече Брус Арена, кој е и спортски директор и тренер во Сан Хозе.