Фудбалерите на Барселона се пласираа во полуфиналето на шпанскиот Кралски куп, откако го победија второлигашот Албасете со 2:1 на гости.
Албасете сензационално го елиминираше Реал Мадрид во претходното коло на патот до четвртфиналето, но не успеа да направи уште едно изненадување.
Барселона поведе во 39. минута со голот на Ламине Јамал, додека Роналд Араухо го постигна вториот гол за каталонскиот тим во 56. минута. Албасете, кој се натпреварува во Втората лига, го намали резултатот во 87. минута со голот на Хави Морено.
Барселона можеше да постигне трет гол во првата минута од судиското продолжение, но голот на Феран Торес беше поништен поради офсајд.
Барселона, која е и првиот полуфиналист оваа сезона, ја брани титулата како освојувач на Кралскиот куп.
В среда во 21 часот се закажани натпреварите меѓу Алавес и Реал Сосиедад и Валенсија и Атлетик Билбао. Последниот четвртфинален натпревар е закажан за четврток, кога ќе се сретнат Бетис и Атлетико Мадрид.