Десеткратниот НБА Ол-стар, 32-годишниот Ентони Дејвис ќе ја продолжи својата кариера со Вашингтон Визардс по размената со осум играчи, објави ESPN во средата.
Далас Маверикс го испраќаат Дејвис во Вашингтон Визардс. Вашингтон ќе ги добие и Џејден Харди, Д’Анџело Расел и Данте Ексум. Од друга страна, Маверикс ќе ги имаат Крис Мидлтон, ЕјЏеј Џонсон, Малаки Бранхам и Марвин Бегли, плус два пика од првата рунда на драфтот и три пика од втората рунда.
Дејвис, кој е надвор од терените од 8-ми јануари поради повреда на раката, играше само во 20 од 50-те натпревари на Маверикс оваа сезона, со просек од 20,4 поени, 11,1 скока и 2,8 асистенции.
Во текот на својата кариера, играше и за Њу Орлеанс и ЛА Лејкерс, а со репрезентацијата на САД освои два златни олимписки медала (2012, 2024) и еден златен медал на светското првенство (2014).