Манчестер Сити и Арсенал ќе играат во финалето на Лига купот на Англија на 22-ри март на лондонскиот фудбалски храм „Вембли“.
Сити го победи Њукасл Јунајтед со 3:1 во реваншот од полуфиналето во средата вечерта, потврдувајќи ја својата победа од 2:0 на гостинскиот „Сент Џејмс Парк“. „Граѓаните“ ја завршија целата работа во првиот половина час од натпреварот, постигнувајќи три гола.
Омар Мармуш го отвори резултатот во седмата минута, во 29. минута египетскиот напаѓач го постигна вториот гол, а три минути подоцна Тијани Рејндерс постигна гол за 3:0. Поразот на Њукасл го ублажи Ентони Еланга во 72. минута.
Сити ќе игра против Арсенал во финалето, кој го елиминираше Челзи со две победи. „Топчиите“ го добија првиот натпревар на „Стемфорд Бриџ“ со 3:2, а во реваншот со 1:0 пред своите домашни навивачи во вторникот. Каи Хаверц го постигна победничкиот гол во седмата минута од судиското продолжение.
Ова ќе биде десетто финале за Сити, откако досега победија осум пати, последен пат во 2021 година. Арсенал, од друга страна, го освои Лига купот двапати, последниот пат пред 33 години. Лондонскиот тим загуби во уште шест финални дуели од ова натправаеување познато последните години и како Карабао куп.