По Баер Леверкузен, и Штутгарт се пласираше во полуфиналето на Купот на Германија откако во средата вечерта на гости го победи Холштајн Кил со 3:0.
Најважното во овој дуел се случи во второто полувреме. Гостите поведоа во 56. минута со голот на Дениз Ундав, во 90. минута Крис Фурик постигна гол за 2:0, а Атакан Каразор ги реши сите сомнежи две минути подоцна со трет гол.
Баер Леверкузен го победи Сент Паули во вторникот со идентичен резултат, со Мартин Териер (31), Патрик Шик (63) и Јонас Хофман (90+2).
Во преостанатите два четвртфинални натпревари ќе се соочат Херта – Фрајбург (10 февруари) и Баерн Минхен – РБ Лајпциг (11 февруари)