1 минута за читање
Американскиот претседател Доналд Трамп одби да каже кој од двајцата кандидати – потпретседателот Џ.Д. Венс или државниот секретар Марко Рубио – би претпочитал да го наследи на функцијата шеф на државата.
„Не сакам да навлегувам во детали. Сè уште имаме три години“, рече Трамп во интервју за Ен-Би-Си Њуз, пренесе Ројтерс..
Тој рече дека и Рубио и Венс се снаоѓаат одлично и се „фантастични“.
„Би рекол дека едниот од нив е малку подипломат од другиот“, рече Трамп.
„Мислам дека двајцата се многу интелигентни. Мислам дека има разлика во стилот“, додаде американскиот претседател.
Трамп, исто така, избегна да одговори на прашањето за можноста за трет претседателски мандат.
„Не знам. Тоа би било интересно“, рече американскиот лидер.