Фудбалерите на Аталанта се пласираа во полуфиналето на Купот на Италија откако го победија Јувентус со 3:0 во Бергамо во четвртфиналниот натпревар.
Аталанта поведе во 27. минута кога Скамака реализираше пенал, иако Јувентус имаше многу подобри шанси дотогаш, а стативата ги спаси домаќините на почетокот од натпреварот. Потоа Јувентус попусто се обидуваше да израмни и да се врати во игра, а Аталанта го направи последниот чекор кон полуфиналето во 77. минута кога Сулемана постигна гол за 2:0. Хрватскиот репрезентативец Марио Пашалиќ влезе во игра за Аталанта во 83. минута, а само две минути подоцна беше прецизен од 15 метри во спротивниот агол за резултат од 3:0.
Во полуфиналето, Аталанта ќе игра против победникот од натпреварот меѓу бранителот на титулата Болоња и Лацио.
Во средата Интер стана првиот полуфиналист со победата од 2:1 над Торино. Интер во полуфиналето ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Наполи и Комо.
Преостанатите два четвртфинални натпревари ќе се играат следната седмица