Владата на Христијан Мицкоски нуди нов модел за етапен раст на платите во администрацијата за 40 отсто до 2028 година. Додека синдикатите УПОЗ и КСС велат се приближуваат до договор, Сојузот на синдикати на Македонија најавува блокади, обвинувајќи за политички притисоци и недоволно зголемување на минималните примања.
Ова е контекстот во кој денеска се очекува средбата (16:45) меѓу премиерот Христијан Мицкоски и претставниците на синдикатите УПОЗ и КСС, кои главно ги застапуваат интересите на вработените во администрацијата и јавните установи.
Владата на Република Македонија, предводена од премиеротХристијан Мицкоски, промовира специфичен модел за пресметка на платите на вработените во јавната администрација, кој се разликува од досегашното линеарно следење на минималната плата. Предложената формула е дизајнирана да обезбеди кумулативен раст од околу40 отстово период од три до четири години. Овој пристап има за цел да воспостави предвидливост во буџетското планирање и да ги елиминира разликите во исплатите кај различни органи. Клучните параметри на овој модел вклучува годишно додавање на фиксен износ од1.500 денарина основната плата во текот на три последователни години и пресметување на дополнително зголемување од8 отстона вкупниот збир секоја година.
Кога целосна ќе биде имплементиран ово модел, Владата вели дека домарт 2028 година платата што денеска 35.000 денариби достигнала ниво од околу50.000 денари.
Наспроти пристапот наУПОЗ, односите помеѓуВладатаи Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) се наоѓаат во фаза на остра конфронтација.Христијан Мицкоскијавно го обвини раководството наССМза дејствување под влијание на опозицискатаСДСМ, тврдејќи дека нивните барања се политички мотивирани. Од друга страна,ССМостанува на барањето за итно зголемување на минималната плата на600 евраи линеарен раст од100 евраза сите останати работници.
Поради незадоволството од владината методологија,ССМнајави почеток на блокади и протести од следниотвторник. Оваа ситуација укажува на длабока поларизација во работничкото движење, каде едни организации избираат етапен раст преку дијалог, додека други се одлучуваат за радикализација на барањата.