Плексер лумен (Plexr Lumen) е иновативен третман кој комбинира плазма и микрониделинг за активирање на регенеративните процеси на кожата и дeлува на посветла, порамномерна кожа, видливо ги намалува фините линии и зголемените пори, ја зголемува еластичностa и хидратацијата на кожата.
Плексер Лумен веќе има влијание во клиничката пракса.
Кај нас експерт во оваа област едоктор Дејан Димитровски, кој своите тренинзи за плексер ги има завршено во врвната Академија на „ГМВ медикал иновејшнс“ во Рим. Интензивна едукација и обука за целосна употреба на плексер лумен тој има добиено и во Париз.

Станува збор за напреден и минимално инвазивен третман, најдобар досега во биостимулацијата и регенеративната медицина.

„Апаратот е веќе достапен кај нас и со овој третман добивате илуминација, блескање, намалување на пори, елиминација на лузни, стрии, уедначување на тен, затегање и регенерација на кожа и подмладување.Плексер Лумен е произведен од реномираниот италијански производител „ГМВ медикал иновејшнс“ и тој за првпат комбинира плазма заедно со микрониделинг. На овој начин се забрзува процесот на регенерација.Самата технологија подразбира комбинација на плазма, микрониделинг, егзозоми, хијалуронска киселина, пептиди, аминокиселини, витамини и сѐ она што ѝ е потребно на кожата“, вели доктор Димитровски.
View this post on Instagram
Зошто Plexr Lumen
Го стимулира производството на колаген и го подобрува целокупниот квалитет на кожата. Го подобрува трансдермалното доставување на егзозоми, пептиди и функционални серуми. Минимално инвазивно, безбедно, погодно за сите типови кожа и сезони.
Како голема предност на овој третман, доктор Димитровски го наведува и тоа што за разлика од класичниот плексер каде што се појавуваат карбонски крусти после интервенцијата, има период на опоравување од околу седум дена, а има и отоци, кај плексер лумен тоа го нема и може веднаш по интервенцијата да се продолжи со секојдневните обврски.

PLEXR Plus: Револуционерна алтернатива на козметичката хирургија