Претпладнево избувнала експлозија, а потоа и пожар, во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ. (44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
„Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот“, соопшти ТППЕ Охрид.
Пожарот во СВР Охрид е пријавен претпладнево во 10.58 часот.