Од вечерва (6 февруари), на репертоарот на Велешкиот театар е претставата „Не можеме да платиме, нема да платиме“ од Дарио Фо, во режија на Елеонора Теова, а во драмската обработка на Катерина Момева. Таа е затворена премиера на почетокот на декември, а се игра на малата сцена.
„Драмата „Не може да платиме, нема да платиме“ е една од најголемите и најживите сатирични комедии на Дарио Фо, во која хуморот не служи како бегство од реалноста, туку како нешто безмилосно огледало. просторја од театарот .
Во центарот на драмата се обичните луѓе, работници, жени, семејства, притиснати од енормното зголемување на цените и неможноста да преживее со чесна работа.
Но, задната смеата постои горчлива вистина – законот не е неутрален, морачки да биде селективен, а редот секогаш се брани на грбот на најслабите и апсурдни ситуации. слепи за човечката беда.
Бо претставата игра Фаик Мефаиловски, Кире Ацевски, Благојчо Стојановски, Талија Настова и Сандра Танчева. Сценографијата е на Филип Коруновски, а костимографка е Катерина Чукниева.
Сите три изведби овој месец се распродадени.
П. ПЕЧКОВ
The post КОМЕДИЈАТА НА ДАРИО ФО „НЕ МОЖЕМЕ ДА ПЛАТИМЕ, НЕМА ДА ПЛАТИМЕ“ ДОАЃА НА РЕДОВНИОТ РЕПЕРТОАР НА ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР се појави прв на СМАРТ – СДК МК.